Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснува дали стои зад ботовите на „Икс“ кои шират говор на омраза

13619052635fdaff9694347263464056_v4_big.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од 200 ботови на мрежата „Икс“ кои секојдневно шират говор на омраза, прашуваат од изборниот штаб на Стево Пендаровски.


„Реториката којашто ја користат овие профили потсетува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ со која, во недостиг на аргументи, партијата неосновано го напаѓа претседателот Стево Пендаровски. На истите профили се забележува и силна поддршка за партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Истите овие профили години наназад шират антиалбански и антизападни ставови.

Иако од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема да водат црна кампања против претседателот Пендаровски, сепак секојдневно објавуваат манипулативни видеа во коишто се извадени од контекст изјавите на претседателот Пендаровски. Речиси идентични како и во објавите на мрежата Х.

ВМРО-ДПМНЕ на јавноста треба да ѝ одговори дали стои позади овие профили и дали на социјалните мрежи токму тие се автори на црната кампања против претседателот Пендаровски.

Инаку, тврдењето на ВМРО – ДПМНЕ дека нема да води црна кампања го сфаќаме како лоша пародија, имајќи предвид дека тоа е истата партија која безсрамно вршеше цензура, партија во чие владеење се затворија најголемите медиуми и беше забележан најголем пад во слободата на медиумите“, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK