Пендаровски со делегација на Пацифичкиот совет од САД: во фокусот стратешкото партнерство меѓу двете држави

Foto-2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски прими делегација од Пацифичкиот совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.


Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, Пендаровски посочи дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.

На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Северна Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.

Претставниците на организацијата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на нивните активности, кои се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK