Можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, рече сопственикот на фирмата што ја реконструира Универзалната сала

pozar-univerzalna-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара инсталација, изјави Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“-Скопје, – фирмата изведувач што го реконструира објектот.



Тој рече дека во моментот на пожарот внатре немало инженери и работници зашто денеска немале градежни активности.

„Само еден инженер беше вон салата, во нејзините канцеларии, и имавме чувари, двајца работници. Во прв момент, претпоставуваме дали стар кабел, не можеме да знаеме сега. Некоја стара инсталација, тргнал чадот, никој немало во салата. Моите мајстори пробале со противпожарен апарат да го изгаснат, тоа се иверки стари со години, суви и брзо горат“, рече Арсовски.

Тој се надева дека за новата конструкција ќе нема проблеми и рече дека без разлика кои се на власт – политички партии, градоначалници – оваа сала што побрзо треба да се направи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK