Настана колапс на кровната конструкција, оштетени се ролетните на околните објкети поради високата температура, рече командирот на скопската пожарна

zvonko-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Настана колапс на кровната конструкција и се работи на догасување, има висока температура се уште во објектот на Универзалната сала и не може да се пристапи до сите места, истакна командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.



Тој рече дека поради густиот чад и високата температура забележани се оштетувања на ролетните на соседните објекти.

Томески вели дека пожарот за кусо време бил ставен под контрола иако имало висока температура во самиот објект, а интервенирале 9 противпожарни возила и 24 пожарникари.

Томески потврди дека нема повредени, а во моментот на избувнувањето немало градежни работници. Како што рече, материјалната штета е евидентна, но не може веднаш да биде констатирана.

Интервенцијата на пожарникарите ја оцени како успешна од аспект на брзината и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK