Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај, а до тогаш да и се извини на Силјановска за навредите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски очигледно му врза свилен гајтан на Димитар Ковачевски и уште од сега си ја најавува амбицијата за иден претседател на СДС од опозиција. А до 8-ми мај, Пендаровски има доволно време да собере грам доблест и да се извини за сите навреди кон Гордана Силјановска Давкова“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив изливите на мизогинија и навредите на Пендаровски само покажуваат дека тој ниту е демократ, ниту е созреан за функцијата претседател.
„Жално е што човек како Пендаровски беше претседател на Македонија. Промените се на чекор од нас. Народот ќе си ја врати државата. Македонија повторно горда“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.