Партијата на Палевски: Ако се докаже дека тој и другите членови се виновни, нека бидат најстрого казнети

Партијата-на-Палевски-Ако-се-докаже-дека-тој-и-другите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичката партија Десна, чијшто претседател е Љупчо Палевски – Палчо кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања и велешанецот Панче, изразија сочувство на семејствата за загубата на нивните најблиски, коментирајќу дека се во шок и неверување од информациите за убиствата.


„Бараме за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното.
Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани. Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи“, велат од партијата.

Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK