Отворен е конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2023

eu nagradaa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Отворен е конкурсот за „Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство 2023“, која е дел од проектот „ Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција 2 “. Оваа награда има за цел да ги препознае и промовира извонредните постигнувања во истражувачкото новинарство, како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Наградата им оддава признание на најдобрите истражувачки стории објавени во претходната календарска година и се доделува во шесте земји од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија) и во Турција.


На конкурсот право да аплицираат имаат новинари или групи на новинари чиишто стории биле објавени или емитувани во кој било медиум во Македонија – печатен, радио, ТВ, онлајн – на македонски јазик или на некој од малцинските јазици во текот на 2022 година. Иновативни формати како подкасти, Јутјуб/Тикток/Инстаграм истражувачки серијали, исто така се добредојдени.

На конкурсот може да се пријават стории кои биле објавени или емитувани во периодот од 1 Јануари 2022 година до 31 декември 2022 и кои покриваат организиран криминал, корупција, раст на екстремизмот, разни форми на странско влијание, прекршување на човекови права, вклучувајќи ги и тие во дигиталната сфера, како и други теми кои се однесуваат на економиите и политичките случувања во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Оваа година, за прв пат, ЕУ наградата се воведува и на регионално ниво, таргетирајќи ги најдобрите стории од целиот регион, врз база на јасно определени критериуми.

Годишниот награден фонд за Македонија изнесува 10.000 евра. Дополнително, наградниот фонд за регионалните награди изнесува исто така, 10.000 евра. Ќе бидат избрани три најдобри стории на национално, и три на регионално ниво, при што паричните награди изнесуваат по 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 2.000 евра за трето место.

Секој од кандидатите може да одбере дали сака да ја пријави својата сторија за националниот, регионалниот, или и за двата конкурси. Оваа можност се нуди во формуларот за апликација. Еден кандидат/автор може да аплицира со повеќе стории. Победниците на националните конкурси во секоја од земјите од Западен Балкан и од Турција автоматски стануваат и кандидати за регионална ЕУ награда за истражувачко новинарство.

Организатор на конкурсот е Томсон медија, а спроведувач во Македонија е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, организации со децениско искуство во развој на медиумите, промоција на правата на новинарите и професионалното новинарство.

Рокот за поднесување апликации е 20 јуни, 2023 до 24:00 часот

Овој проект е финансиран од Европската Унија и е спроведуван од конзорциум кој го сочинуваат Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медија (ТМ) – Германија, Универзитетот Гоце Делчев Штип (УГД) – Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – Македонија, Асоцијацијата на медиумите од југо-источна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово).

За повеќе детали за процесот како и за потребните документи за аплицирање кликнете тука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK