Откриена бесправна сеча на дрва во Струшко, дрвокрадците избегале


drvokradci.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во  14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници пронајдоа два трактори без регистарски ознаки, натоварени со буково огревно дрво.


Две лица кои вршеле бесправна сеча со моторна пила, откако ги забележале полициските службеници, избегале од местото оставајќи ги тракторите, моторните пили и другата опрема.

При извршен увид, констатирано е дека се работи за бесправна сеча на дрво за огрев од околу 60 метри просторни кои, по консултација со јавен обвинител, се предадени на претставници на Шумското стопанство од Струга.

По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK