Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе престојува во работна посета на Италија, каде ќе учествува за министерската средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата „Пријатели на Западен Балкан“, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.
На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа за забрзување на евро-интегративниот процес за Западен Балкан”.
Во рамки на посетата, Османи ќе има средба и со новите носители на МКарта во Италија.