Оркестарот на Македонската Филхармонија повторно излезе на протест, обвинуваат дека министерката манипулира

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со настап пред Министерството за култура, оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска повторно изрази незадоволство од одлуката за вдомување на новоформираниот Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата.


Обвинија дека министерката манипулира, посочувајќи дека не станува збор за привремено, туку трајно сместување на новоформираниот оркестар во зградата на Филхармонија.

-Во елаборатот за основање на НУ Џез оркестар, доставен до Влада до кој што дојдовме врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер, никаде не пишува дека новоформираната институција привремено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија. Напротив, објектот е наведен како единствена соодветна опција за сместување на новата институција, воедно дека ќе ги имат на располагање сите расположливи капацитети на објектот.  Ниту во еден момент не се спомнува дека станува збор за привремена адреса и дека кога ќе застане на нозе новата институција ќе добие нов простор, изјави претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски.

Тој потенцира дека елаборатот е изработен без анализа, и без консултација со раководството на Филхармонија.

Оркестарот информира дека доколку не се повлече одлуката следно ќе одржат протест и пред Влада.

Ова е втор протест на вработените од Филхармонија откако беше донесена одлука за вдомувањето на новоформираниот Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата, за што оркестарот остро реагира посочувајќи дека ја поздравуваат одлуката за формирање на национален џез оркестар, но не и одлуката да бидат во ист објект, а како обраозложение за тоа, посочија дека зградата е проектирана и замислена како објект за еден симфониски оркестар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK