Органите на Алијанса за Албанците стојат зад министрите Алиу и Меџити, вели пратеникот Снопче

Органите-на-Алијанса-за-Албанците-стојат-зад-министрите-Алиу-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На дневен ред се предвидува да се стави точката на разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијансата за Албанците. Сакам да известам дека Алијансата не побарала такво нешто од Владата, од техничкиот премиер Талат Џафери, изјави пратеникот од Алијансата Халил Снопче, кој го поддржува Арбен Таравари во несогласувањата со Зијадин Села.


„Органите на Алијансата за Албанците стојат зад министрите Алиу и Меџити – и централното собрание и претседателството. Тоа се докажа и сношти кога од 29 члена на централното претседателство, 17 беа присутни физички, донесовме одлука дека го поддржуваме повикот на господинот Таравари на следните избори да одиме со опозицијата“, рече Снопче.

Како што додаде, одуката нема врска со нивното партнерство во оваа Влада, која самата решила да ги избрка, слично како во 2017 година.

„Ова се случува по диригентската палка на Артан Груби. Видовте, споделивме допис на Груби со директорите вчера да не примаат никаква наредба од министерот Меџити се додека да се избере нивен министер. Дали ДУИ ќе има двајца нови министри. СДСМ нека бидат внимателни. Нема да имаме обврска кон договорените работи“, рече Снопче.

Тој додаде и дека Груби му диктира на премиерот Талат Џафери како да работи.

„Првата одлука на техничкиот премиер во Владата беше отстранување на двајца директори Албанци и првото барање до Собранието е барањето за разрешување на двајца министри Албанци, и тоа, под диригентска палка на Артан Груби. Џафери си дозволува Груби да му диктира како да работи“, рече пратеникот во Собранието.

Претходно координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Аднан Незири, кој го поддржува Зијадин Села, изјави дека денес ќе бидат разрешени министрите од редовите на нивната партија Фатмир Меџити за здравство, и министерот за информатичко општетство и администрација, Азир Алиу, обвинувајќи дека работат спротивно на партискиот кодекс. Министрите го поддржаа Таравари кој на следните избори сака партијата да се приклучи кон албанскиот опозициски блок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK