Сојуз на синдикати на УКИМ: Co непочитувањето на Колективниот договор Владата драматично го крши принципот на владеење на правото

ukim_34543553453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, м-р Талат Џафери и претседателот на Синдикатот на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, проф. д-р Ангел Ристов, на 29.12.2022 година склучија КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” во Скопје. Овој Колективен договор (КД) влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.287 од 29.12.2022 година, а почна да се применува од 1.1.2024 година. Во колективните преговори беа вклучени и претставници на Министерствата за финансии, образование и наука и труд и социјална политика. Имајќи ја во предвид општата состојба во државата Синдикатот се согласи Колективниот договор (КД) да има одложно дејство и да се применува една година по неговото потпишување.







И покрај тоа надлежните министерства не предвидоа средства во Буџетот за 2024 година, за остварување на обврските предвидени во КД, со изговор дека истиот не бил регистриран во МТСП. Ваквите наводи се незаконски И неосновани од причина што поединечните КД каков што е нашиот, согласно Законот за работните односи, не подлежат на регистрација. За поединечните КД само се известува МТСП (чл. 231 ст.3). На регистрација подлежат општите и гранските колективни договори (чл.231 ст.1). КД на УКИМ е полноважен и ја обврзува државата да го почитува, од причина што истиот ниту е откажан од страна на договорните страни, ниту пак е укинат или поништен од страна на Уставниот суд.

Co непочитувањето на Колективниот договор Владата драматично го крши принципот на владеење на правото за кој што секогаш декларативно се залага и создава правна несигурност. Македонија со децении е држава во која главен проблем е владеењето на правото. Тоа е и главен услов за нејзина интеграција во ЕУ. Со непочитувањето на КД Владата се претвора во главен кочничар за нашата интеграција во ЕУ.

Со оваа политика на непочитување на правото од страна на Владата директно се загрозени правата на вработените на УКИМ и високото образование. Поради ова револтот на Синдикатот и академската заедница на УКИМ e огромен. Синдикатот и вработените на УКИМ нема да дозволат некој да ги гази нивните права и достоинство рушејќи ја Автомонијата на Универзитетот.

Ние ќе ги преземеме сите демократски и законски средства за почитување на нашиот КД и остварување на нашите права.

Претседател на Сојузот на синдикати на УКИМ Проф. д-р Ангел Ристов

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK