Жител од Лабуништа физички нападнат во Струга

svr ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жител на струшкото село Велешта денеска околу пладне физички нападнал лице од селото Лабуништа.

СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути.


– Во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.од селото Лабуништа, стои во соопштението на СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Според првичните информации, двајцата подолг временски период имале нерасчистени меѓусебни односи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK