Ученици од урбани и рурални средини од Куманово ги разгледаа фотографиите изработени од ученици на денешната завршна манифестација што се одржа во занаетчискиот дом, како дел од проектот „Моето село низ објектив“.
Проектот го спроведува Здружението на жени, „Коло на српските сестри“, со поддршка на Општината Куманово
Во проектот учествуваа пет општински основни училишта: „Вера Которка“ од село Клечовце, „Браќа Рибар“ од село Табановце, „Карпош“ од село Умин Дол, „Кирил и Методиј“ од село Романовце и „Кочо Рацин“ од Орашац.
Учениците заедно со наставничкиот кадар од овие училишта, на креативен начин, преку фотографии ги презентираа убавините на нивната околина.
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска кажа дека соработката на општината со здружението е повеќе од три децении.
– Многу е важно да се зајакне соработката помеѓу учениците од урбаните и руралните средини. На овој начин, ги доближуваме убавините на кумановските села со учениците од урбаните средини. Ваквите навидум едноставни проекти имаат една прекрасна цел, да ја промовираме убавината на нашиот град, на нашите села, кажа Ѓорѓиевска