Започна проектот за обнова на улиците во 11 0ктомври Бараки

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со градежните активности на ул. „Петар Драпшин”, во Општина Кисела Вода започна големиот проект за санација на улиците во населбата 11 Октомври Бараки. Се работи за зафат кој ќе опфати повеќе од 11 000 квадратни метри површина и ќе донесе подобрување на условите за живот на жителите кои чекаа 30-тина години на оваа активност, соопшти општинската прес-служба.

За рехабилитацијата на „Петар Драпшин”, средствата се обезбедени од „Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка. Покрај оваа, со реконструктивни зафати Општина Кисела Вода ќе ги опфати и улиците „Ефтим Спространов”, „Лазар Димитров” и „Лав Tолстој”.


– Извршивме увид во отпочнувањето на градежните зафати на улицата „Петар Драпшин”, со чија санација на површина од 8000 квадратни метри, започнува големиот проект за обнова на улиците населбата 11 Октомври бараки. Рехабилитацијата на оваа клучна сообраќајна артерија опфаќа санација на коловозот и тротоарите, што е барање и потреба на жителите веќе 30 години. За оваа значајна градежна активност сакам да се заблагодарам на Министерството за транспорт и врски, преку чиј проект се обезбеди финансиската поддршка од Светска банка. Подобрувањето на локалната патна инфраструктура е значаен сегмент од развојот на секоја заедница и убаво е кога ќе се најде заеднички јазик за решение на ваков децениски проблем. Паралелно, Општина Кисела Вода ќе санира и други улици во населбата 11 Октомври Бараки. Нов асфалт и тротари ќе добијат и „Ефтим Спространов”, „Лазар Димитров” и „Лав Tолстој”. Дополнително ќе поставиме и ново модерно штедливо осветлување. Досегашните живини, ќе ги замениме со лед светилки. Како што најавив во текот на вчерашниот ден, ја продолжуваме традицијата со крупни инфраструктурни проекти да ја комплетираме прославата на значајните настани во општина Кисела Вода, па така, и овој проект е првиот од неколкуте капитални кои во седмицата што е пред нас ќе ги промовираме, во рамки на одбележувањето на патрониот празник 6 Мај, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при увидот во отпочнувањето на градежниот зафат на ул.„Петар Драпшин”.

По повод патронатот на Кисела Вода, вчера беа одржани повеќе настани за сите генерации во паркот „Македонија”. За најмладите настапија Биби од „Светот на Биби”, „Поточиња” и танчерите од „Данса Латина Стефи”, а повозрасните во вечерните часови уживаа во хуморот на Атанас и Тино, како и во журката што потоа до крајот на вечерта ја приреди ДЈ Напстер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK