Второ авионско прскање против комарци утре во Куманово

avion_prskanje_3453543543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На подрачјето на општина Куманово, утре во раните утрински часови, ќе биде извршено второто авионско прскање против комарци, информираа денеска од општината и ги повикаа пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши третманот, поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за нареден ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани.

-Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 18.07.2023 година (вторник), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на општината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци на површина од 1.000 хектари: од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка сè до свињарска фарма во село Речица, по течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во Бедиње, населба Долно Којнаре, град Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото, Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланица во Добрашане, информираа од општината.


Првата авионска дезинсекција беше спроведена на 22 јуни годинава.

Општината, за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, одвои 1.038.400,00 денари со вклучен данок на додадена вредност. Општина Куманово  избра и оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци, информираа од одделението за јавни набавки. Општината од буџетот одвои вклучен 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност.

И на двете јавни набавки, избрани се кумановски компании.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK