Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд

vinski muzej
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гурмански викенд се одржа изминативе два дена во Вински музеј Кавадарци, во рамките на ,,Кавадаречко културно лето 2023″.

– Посетителите имаа можност да дегустираат храна и пијалаци од Тиквешкото поднебје. Целта е промоција на традицијата и на културниот туризам, богатото културно наследство во делот на лозарството и винарството.  Познати сме по вкусните производи типични за овој крај, рече директорката на Музејот, Весела Честоева.


Нагласувајќи дека Музејот е сместен во градскиот парк во Кавадарци, кој важи за еден од најубавите во државата, таа додаде дека станува збор за неповторливо гурманско доживување. Честоева подвлече дека постојано се зголемува бројот на посетители во Музејот, што полека си го зазема своето место на туристичката мапа, како презентер на културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата.

Настанот беше збогатен со музичка програма, во саботата со Акустико бенд, а синоќа со Dj Buli.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK