Во Крива Паланка изложба „Новите лица на вештините, младинска перспектива”

palanka_4645654
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Со изложбата „Новите лица на вештините, младинска перспектива ” на младиот уметник Роберт Крстевски, поставена на градскиот плоштад во Крива Паланка, заокружена е програмата за одбележување на Денот на Европа од страна на Европската куќа Крива Паланка.







Изложбата тематски ги обработува вештините на младите од Североисточниот регион, иднината на работните места, заборавените професии како и професиите на иднината, а на отворањето присуствуваше раководителот на секторот за соработка во Делегација на Европската унија во Република Северна Македонија, Штефен Худолин.

– Многу ми е драго што денес можам со овие млади ентузијасти од регионот да ги споделам нивните мисли и размислувања за иднината, но и нивните грижи за предизвиците со кои се соочуваат, генерално но и во однос на  локалната средина од која потекнуваат. Им честитам на креативноста, на способностите и храброста да истапат напред, како пример и како рол- модели и да ги споделат својот стил и начин на практицирање на нивните вештини. Сите тие се успешни млади луѓе од Крива Паланка, Кратово и Куманово, со вештини од областа на електрониката, медицина и гастрономија, многу значајни сектори и за општеството и за економијата, но и за секојдневниот живот. Денес со младите дискутиравме за препреки,искуствата и разменивме идеи како истите да се надминат или споделат, како и за се што беше како искуство сублимирано во текот на целата недела,низ активностите, но и низ целата година на вештини на младите луѓе, рече Худолин.

Во изложбата се вклучени околу 18 млади лица од Крива Паланка, Куманово и Кратово, кои како нови лица на вештините праќаат силна порака да општеството, лицата од новата генерација со пораки од нивната младинска перспектива.
-Моето задоволство од дружењето и дискусиите со младите од регионот низ целата недела е претставено низ мојот фото- објектив заедно со пораките што ги екстрахиравме од нив, за да упатени кон останатите млади луѓе, бидат мотивација и инспирација некој од нив во иднина да одбере да изучува некое од овие стручни занимања, изјави авторот Роберт Крстевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK