Во Дебарското муфтиство, за Рамазан Бајрам собрани над 1,7 милиони денари доброволни прилози

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, во Дебарското муфтиство собрани се над 1.7 милиони денари доброволни прилози на верниците.







Станува збир за доброволни прилози како на верниците кои се постојани жители но има и прилози од оние кои живеат и работат во странство.

– За празникот, на име доброволни прилози од верниците собрани се 1.734.500 денари или 28.341 евра. Од овој износ на средства 70 отсто се наменети за Иса Бег Медресе – исламско теолошко училиште во Скопје, додека останатите за нашето муфтиство. Поточно средствата се наменети за семејства кои се нашле во потреба од помош, изјави за МИА, Орхан Зенго, секретар во муфтиството.

Најголем процент од собраните средства се во Дебар, 579.500 денари, што е разбирливо по бројот на жители, потоа во селата Требиште, 200 илјади и Скудриње 173.300, општина Маврово и Ростуше, како и дебарското село Могорче.

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и општина Маврово и Ростуше.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK