Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата „28 ноември“ средното образование, во учебната 2022/2023 година, го завршуваат 152 ученика.
-Во нашето училиште годинава образованието го завршуваат 152 ученика. Гледано по наставен јазик 97 од матурантите се од паралелките на албански додека 55 на македонски наставен јазик. Од вкупниот број дури 95 отсто се пријавени за државна матура. Тоа потврдува, дека нашите ученици се определени да го продолжат натамошното школување, изјави за МИА, Рамадан Имери, директор на ова образовна установа.
Според него ова е бројка на ученици кои редовно следеле настава, додека матура ќе полагаат уште 33 вонредни ученици, од нив 21 со настава на албански и 12 на македонски јазик.
Што се однесува до уписот на ученици во прва година, за новата 2023/2024 учебна година, Имери нагласува дека можност за упис имаат 272 ученика во 8 паралелки.
Од нив три паралелки, со 102 ученика се за настава на македонски и 5 паралелки или 170 ученици за настава албански наставен јазик, сите гимназиска насока.