Викендов петтото издание на спортско-рекреативната манифестација „Охрид Ултра-Треил“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со учество на 430 пријавени маратонци од 32 земји викендов ќе се одржи петтото јубилејно издание на „Охрид Ултра-Треил“ трките низ падините на планината Галичица.







Предвидно е во рамки на манифестацијата да се одржат четири планински трки на 110, 65, 40 и 22 километри. Најдолгата трка насловена како и самиот настан „Охрид Ултра-Треил“ е единствена од трките што ќе стартува на 26 мај во 23 часот навечер од Охрид, потоа следи „Галичица Ултра 65 километри“ со старт в сабота во 7 часот од Свети Наум, па „Самотска Маратон“ со старт од Пештани во 9 часот, а најкратката „Летница Треил“ започнува во 11 часот од Велгошти.

Сите трки, додаваат, минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во Националниот парк „Галичица“, а финишот е на Градскиот плоштад во Охрид.

Оваа година интересот за трките е голем, а финалната бројка на тркачи за 30 проценти поголема од минатата година и таа брои 61 учесници на стокилометарската трка, 55 на 65 километри, 95 на 40 и 224 на трката од 22 километри.

Според организаторите на манифестацијата, за „Охрид Ултра-Треил“ има голем интерес кај странските тркачи и авантуристи, не само од соседните туку и од подалечни држави. Дури половината од пријавените учесници се странци, и тоа од Србија, Албанија, Косово, БиХ, Грција, како и од Шведска, Финска, Данска, Норвешка, Полска, Словачка, Чешка, Тајланд, Јапонија, САД, Франција, Португалија, Велика Британија, Словенија, Италија…

Првата „Охрид Ултра-Треил“ манифестација се одржа во 2019 година, со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри. Од првото издание на кое имаше 130 учесници за четири одлични последователни изданија „Охрид Ултра-Треил“ прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан под отворено небо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK