Уредени влезовите на дел од зградите во штипска ,,Автокоманда”

stip
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите на дел од станбените згради во населба Автокоманда добија уредени влезови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов при увидот во градежните работи рече дека денеска заврши поставувањето на павер елементи пред станбените згради, а во наредните денови бекатон плочи ќе се постават и пред останатите згради во оваа населба. Ќе се пристапи и кон хортикултурно уредување и осветлување на просторот.







-Заврши поставувањето на павер елементи на партерното уредување на неколку влезови од станбени згради во населбата Автокоманда. Во наредните денови ќе влезат екипи на ЈП ,,Исар” со хортикултурно уредување, поставување на садници, урбана опрема, канделабри, клупи и осветлување. По завршување на оваа позиција ќе продолжиме и во околните станбени згради во истата оваа населба,рече Јорданов.

Посочи дека за уредување на штипска Автокоманда се одвоени речиси два милиони денари. Во наредниот период се очекува активностите на терен да завршат и да се исполнат барањата на граѓаните од овој дел од градот. Во меѓувреме со слични проекти се работи и во остантите штипски населби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK