Ученици волонтери на Црвен крст преку проект обезбедуваат пари за апарат за анализа на крв за лабораторијата во кавадаречката болница

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Младите ЦКА-ПХВ волонтери при ООУ ,,Тошо Велков Пепето”, заедно со волонтерите од ООУ ,,Страшо Пинџур”, работеа на мини проект за поддршка и помош на дневни центри и институции. Младите од двете основни училишта ја посетија ЈЗУ Општа болница Кавадарци и утврдија потреба на лабораторијата од апарат за анализа на крвта. Тие изработија проектни активности за собирање на дел од финансиски средства, потребни за набавка на апаратот, со кој анализите на крвта кај малите деца и бебињата ќе се вршат со земање на крв само од прст, а не од вена и резултатите ќе бидат готови за многу кратко време, соопшти Каракулев.







Тој додаде дека младите волонтери од двете училишта реализирале неколку настани, за обезбедување на финансиски средства, а биле побарани и донации од неколку компании во општината.

– Собраните парични средства беа авансно уплатени за купување на апарат за потребите на лабораторијата. Додека се чека апаратот од странство, се собира остатокот од средствата, што ќе биде платен по доаѓањето на пратката, појасни Каракулев, изразувајќи благодарност до сите што ја поддржале акцијата на младите волонтери.

Дисеминатор на ЦКА-ПХВ програмата од Црвен крст Кавадарци, за учениците од сите училишта, е волонтерот Даниела Лазовска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK