Бесплатен влез денеска во охридските музеи

muzej
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во насока на поголема промоција на културното наследство на Охрид и Охридскиот регион и подигање на културната и јавна свест, денеска по повод 18 Maj, Меѓународниот ден на музеите влезот за посетители во сите објекти под надлежност на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“ ќе биде бесплатен.







Од Установата потсетуват на активностите реализирани претходниот период, како виртуелните реконструкции на гробницата од македонски тип кај локалитетот „Караѓулевци“ и на римската гробница кај локалитетот „Видобишта“. За поблиско запознавање на јавноста за гробниците, виртуелните реконструкции денеска ќе бидат проектирани во просториите на спомен куќата на Христо Узунов.

По пов од празникот Охридскиот завод и музеј ги повикува сите кои се во можност, а посебно помладите генерации да ја искористат оваа прилика да се запознаат со значајното културно наследство со кое располага Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK