„Трка на поезијата“ по трет пат низ струшките улици

trka_43534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Околу 1.200 учесници денеска ќе се натпреваруваат на третата „Трка на поезијата“, во Струга што ја организира атлетскиот клуб „Спортски мостови“.







Според најавите на организаторот, и годинава ќе има атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри.

Најавени се истакнати атлетски имиња меѓу кои се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев… Дел од манифестацијата ќе бидат и локални компании со учество на нивни вработени во трките.

Поради одржување на трката од 8 до 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците „15 Корпус“, „Партизанска“ и „Маркс Енгелс“.

– Стартот на атлетската трка е од Чаршискиот мост и се движи по улица „Маршал Тито“ до кружен тек пред полициската станица. Се врти по улицата „Маркс Енгелс“ се до кружен тек на улица „Партизанска“. Потоа се движат лево по улицата „Партизанска“ се до ресторан „Матадор“ каде се врти полукружно и се враќаат назад по „Партизанска’, по ист редослед. На кружниот тек на улиците „Партизанска“ и „Маркс Енгелс“ преку мостот на Поезијата се до кружен тек кај Женска плажа. Вртат кон улица „15 Корпус“ се до влез на Чаршијата, соопшти огранизаторот.

Атлетскиот клуб „Спортски мостови“ апелира граѓаните да го почитуваат времениот режим на сообраќај, како и насоките од редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и патната сигнализацијата долж целата патека.

Во рамките на манифестацијата вчера се одржа Детска трка со најмладите, која беше посветена на децата со ретки болести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK