Омиленото Битолско млеко со 10 витамини ја поддржа детската трка „Охрид трчаТ“

bitolski_trcat_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Витамини и детска забава за 600 детски насмевки







Со поддршката дадена од брендот Битолско млеко со 10 витамини се одржа детската трка во Охрид како дел од традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Охрид трчаТ“. Приближно шестотини првачиња трчаа и се рекреираа во ревијалната трка и се информираа за здравите животни навики преку правилна рекреација и исхрана.

Присуството на брендот Битолско млеко со 10 витамини и поддршката токму на оваа трка е во насока на едукација на децата за потребата од дополнително внесување витамини и минерали преку омилениот детски напиток – Битолско млеко. Битолското млеко со 10 витамини покрај основните нутритивни состојки, протеини, калциум, фосфор, има дополнително збогатен состав со десетте најважни витамини неопходни за детскиот раст и развој, така што со консумирање на ова млеко се внесуваат и витамините Д3, А, Е, Б12, Б9, Б1, Б5, Б6, Б7 и Б3.

Овие витамини се од исклучителна важност за правилно функционирање на организмот и нивното внесување во секојдневната исхрана е повеќе од неопходно.

Многу од овие витамини не се дел од состојките во дневното мени, а се од исклучителна важност за правилно функционирање на организмот.

На неформалната детска трка сите првачиња кои истрчаа по 100 метри беа победници, за што добија медал финишер и подарок од Бимилк, она што им е најпотребно на децата за повеќе енергија и здравје – Битолско млеко со 10 витамини.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK