Јанјиндулам Рагкасурен од Монголија освои Гран при на фестивалот за монодрама во Битола

bitola_24353242342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Актерката Јанјиндулам Рагкасурен од Монголија го освои највисокото фестивалско признание, наградата Гран при на фестивалот за монодрама во Битола.







Одлуката на меѓународното жири е доделена за изведба на монодрамата „Кој сум јас“ на авторот и режисер Батделгер, кој исто така доаѓа од Центар за монодрама во Улан Батор, Монголија.

Според востановената традиција, жирито додели посебна награда за најдобро актерско остварување и таа му припадна на италијанскиот актер Салваторе Арена кој во Битола ја изведе монодрамата „Како мало зрно песок“. Оваа монодрама доби и најмногу гласови и од публиката, за што Општина Битола додели посебно признание.

Синоќа на свеченото затворање на фестивалот за монодрама, награда за најдобра режија му беше доделена на Хорхе Лопез од Шпанија кој беше режисер на монодрамата „Крвава свадба“ на театарот Абрего Кантабрија.

Во чест на наградените велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ја изведе претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK