Секое семејство со запишано прваче во учебната 2023/2024 година ќе добие по 2.500 денари од Општина Кавадарци. Ваква одлука донесе денеска општинскиот Совет.
Финансиските средства за еднократната парична поддршка ќе бидат исплатени од локалниот буџет, доколку еден од родителите на првачето е жител на Кавадарци.
– Се задолжува Секторот за образование и спорт во Општина Кавадарци да ги обезбеди податоците за запишаните првачиња, најдоцна до 5 септември, пишува во одлуката.
Изминатата учебна година, семејствата со запишано прваче добија по две илјади денари поддршка од Општината.