Црвен крст – Куманово подели над 360 шишиња вода


crven krst
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумановскиот Црвен крст им подели 360 шишиња со вода на граѓаните од централното градско подрачје, соопштија денеска од општинската организација. Активностите се преземаат во рамки на ублажување на последиците од топлотниот бран.

– Во текот на неделата од страна на волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беа спроведени низа активности за заштита на населението од топлотниот бран. Вкупно беа поделени 360 мали шишиња со вода. Целта на акцијата, која е во план да продолжи и во текот на наредниот период, е да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури, и да им се укажува на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје, велат од Црвен крст – Куманово.


Претходно, младите од организацијата во рамки на летната програма за млади и оваа година, традиционално како и минатата, организираа активност на којашто на граѓаните од Општина Куманово им се делеше освежителен пијалак, лимонада. Покрај овие активности на граѓаните им се препорачува да одбегнуваат престој на отворено и да преземат други мерки за да се заштитат од горештините. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK