Решение за свикување на десеттата седница на Советот на општина Струмица


sovet-2025.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 3563/1
    11.05.2026 год.
    С т р у м и ц а

               Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам


 
Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на десеттата седница на
Советот на општина Струмица

 
               Ја свикувам десеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 18.05.2026 година (понеделник).

               Десеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.

За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 9-та седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

 

Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првото тромесечје од 2026 година;
Предлог –  Одлука  за прифаќање на донација на противпожарно возило со скала;
Предлог – Одлука за обезбедување на средства за пред – финансирање на проекти имплементирани од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за улицата „Бр.1“ (Драгољуб Боцинов) и улица „Бр.2“ (Атанас Јанев) во урбан блок 36 и 37 УЕ5 КО Струмица како и крстосниците кои ги формираат тие улици во град Струмица – Општина Струмица;
Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 15.20 од ДУП за Блок Бр.15 на град Струмица, Општина Струмица, со намена Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија;
Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административни службеници вработени во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2026 година;
Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорот на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2026 година;
Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Виножито“ – Струмица;
Извештај за работата на ЈСП „СТРУМИЦА – ТРАНСПОРТ“ – Струмица за период од 01.01.2026 до 31.03.2026 година;
Ценовник на ЈП „Паркиралишта Струмица“ – Струмица за обележување на хоризонтална сигнализација на подрачјето на Општина Струмица;
Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта Струмица“ – Струмица за период од 01.01.2026 до 31.03.2026 година;
Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица – Гас“ – Струмица за период од 01.01.2026 до 31.03.2026 година;
Финансиски извештај на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица за период од 01.01.2026 до 31.03.2026 година;
Извештај за работата на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица за период од 01.01.2026 до 31.03.2026 година;
Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Маршал Тито“ Струмица;
Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година на ООУ „Маршал Тито“ Муртино.

 

   Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
         Никола Маџунков

The post Решение за свикување на десеттата седница на Советот на општина Струмица appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK