Општина Сапарева Бања во посета на Општина Гевгелија во рамки на Проектот „Regreen“


IMG-abd7f96c0a8b351666a3f8d0ada94f18-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставници од проектниот тим на Општина Сапарева Бања од Република Бугарија ја посетија Општина Гевгелија во рамки на Проектот „Реставрација на зелена инфраструктура. Преиспитување на зелената идеја“ (Regreen), кој се реализира преку Interreg VI-A ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021–2027.

Во рамки на посетата се одржа работна средба во Општина Гевгелија, на која присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и градоначалникот на општина Сапарева Бања, Калин Гелев, заедно со проектните тимови од двете општини.


Целта на еднодневната работна посета беше следење на напредокот на проектните активности, размена на искуства и координација на следните чекори во имплементацијата на проектот меѓу двете партнерски општини. За време на средбата беа презентирани досегашните реализирани активности, тековните предизвици и планираните активности во наредниот период.

Проектот предвидува реконструкција на паркот „Николај Хајтов“ во Сапарева Бања, како и изградба на урбан зелен парк на Конска Река (Сува Река) во Гевгелија. Покрај инфраструктурните активности, проектот опфаќа и изработка на заеднички стратешки план за биодиверзитет, зачувување и вреднување на екосистемските услуги во прекуграничниот регион.

Во рамки на Проектот ќе се реализираат и обуки за општински службеници за дефинирање политики, идентификација на проекти и зелени јавни набавки, како и студија за биодиверзитетот и екосистемските услуги во прекуграничниот регион. Предвидени се и обуки за претставници на засегнатите страни и локалните заедници за придобивките од биодиверзитетот и екосистемските услуги.

Проектот вклучува и активности за промоција и визуализација со цел зголемување на јавната свест за значењето на зелената инфраструктура и заштитата на животната средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK