Работилница во Битола „Како до успешен музички букинг“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Битола се одржа работилница за музички менаџмент „Како до успешен музички букинг“ наменета за независната музичка сцена во овој град.

На работилницата учествуваа претставници од десетина локални бендови кои беа запознати со активностите и целите на проектот и веб страницата наменета за промовирање на независната музичка сцена.


-Работилницата ја одржа професионалниот музичар, професор и промотор, директор на џез фестивал Сашо Поповски од Битола. Освен професионалната матрица за букинг, Поповски ги сподели своите искуства од почетоците до денес, што беше охрабрувачо и корисно за младите музичари, информираа од КИЦ-Битола.

Работилницата е во рамки на проектот „Зајакнување на независната музичка сцена Битола“ поддржан од МОСТ и има за цел мапирање, профилирање промовирање на младите независни музичари и групи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK