Промовиран проект „Работилница за поправање на стари предмети“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од наесен во Гостивар ќе се отвори работилница за бесплатна поправка на мебел, апарати, машини и електрична опрема за домаќинство. Ова е проект за кој младите социјалдемократи од гостиварскиот клуб добија финансиска поддршка од фондацијата Фридрих Еберт. Работилницата ќе функционира во склоп на средното техничко училиште како дел од соработката со локалната самоуправа.

Претставниците на локалниот клуб на социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) денес го официјализираа почетокот на проектот „Работилница за поправање на стари предмети“.


Тие денес ја посетија просторијата која ОСТУ (општинско средно техничко училиште) ја обезбеди. Според тим лидерот на проектот, Ема Нешковска идејата која сакаат да ја реализираат е таа да биде од корист на локалната заедница.

– Работилницата ќе биде опремена со машини и алати за повеќе занаети. За почеток ќе биде ангажирано едно лице кое ќе ги опслужува граѓаните. Со оглед дека работилницата е сместена во средното техничко училиште, учениците од соодветните струки преку практична настава да ги надоградуваат вештините да го усовршуваат занаетите кои, практично се во изумирање, вели Нешковска.

Основната идеја на отворањето на ваква работилница е да се поттикнат граѓаните почесто да ги поправаат домашните апарати, наместо да ги фрлаат и на тој начин да создаваат отпад.

Граѓаните кои ќе донесат предмет или апарат за поправка нема да плаќаат за услугата. Почетокот со работа на работилницата е најавен за наесен, до кога треба да се набават, машини и алати за работа.

Овој проект произлезе од првиот зимски Камп кој го организираше СДММ- во соработка со фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung и е избран меѓу 30-те пријавени. Неговата реализација е овозможена во соработка со општина Гостивар и средното техничко училиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK