Превентивна активност за матурантите од Крива Паланка – на матура без автомобил и алкохол

kp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На само два дена од матурската прослава во организација на средното општинско училиште “Ѓорче Петров”, одделението за внатрешни работи, Крива Паланка реализираше превентивна активност наменета за матурантите од ова училиште, насловена “На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанци”.

Во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ од страна на полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка беше одржано едукативно предавање посветено на темата безбедни матурски прослави. Учениците-матуранти беа запознаени со неопходноста од одговорно однесување пред, за време на прославата и подоцна, за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, со цел прославите да минат безбедно и мирно, најмногу во интерес на младите, информираат од ОВР Крива Паланка.


Во текот на утрешниот ден матурантите ќе имаат дневна забава, како подарок од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, а во текот на вечерта, во четврток, е организирана главната матурска прослава од страна на училиштето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK