Педесет и една крвна единица обезбедени во крводарителска акција во ,,Дрекслмаер” Кавадарци

krvodaritelska akcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Педесет и една крвна единица се обезбедени во денешната крводарителска акција во ,,Дрекслмаер” Кавадарци, информираа попладнево од германската фабрика. Оттаму ја оценија акцијата како успешна.







– Под мотото „Биди хуман – дарувај крв“, успешно реализиравме доброволна крводарителска акција, во која учествуваа наши колеги, кои ја покажаа својата хуманост на дело. Во акцијата учествуваа повеќекратни крводарители, а имаше и такви кои првпат даруваа крв. Им благодариме и горди сме на нашите колеги, кои преку волонтерски пристап и со многу ентузијазам, се приклучија кон оваа хумана активност, соопштија од компанијата.

Акцијата беше спроведена во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и подрачната единица на Црвен Крст – Кавадарци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK