ПОКАНА ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА ШТИП (ReLOAD 3)


Reload-3-Logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Штип ги повикува заинтересираните граѓански организации да се вклучат во вториот циклус на финансирање во рамките на проектот ReLOaD 3 – Регионална програма за локална демократија која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

По тој повод, на 05 Октомври 2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во Сала 2 ( кат) на Општина Штип, ќе се одржи информативна сесија на која граѓанските организации ќе се запознаат со можностите за финансирање, условите и критериумите за учество, како и со начинот на подготовка и поднесување на проектните предлози.


Информативната сесија ќе биде можност за граѓанските организации да добијат дополнителни појаснувања и да постават прашања во врска со процесот на аплицирање.

Вашето учество е од голема важност за успешна соработка и обезбедување транспарентен, инклузивен и ефикасен процес на планирање и финансирање на проекти кои се од интерес за граѓаните и општината. На дебатата ќе бидат разгледани приоритетите од областа на:

Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи;
Животна средина и одржлив развој;
Младински  развој, образование и активизам;
Култура, уметност и заштита на културно  наследство;
Локален економски развој и иновации.

Општина Штип ги охрабрува граѓанските организации да ги искористат можностите што ги нуди програмата и со своите идеи и иницијативи да придонесат кон создавање поактивна, инклузивна и одржлива локална заедница.

Информативна сесија:

Датум: 05.10.2026 година (понеделник)

Време: 11:00 часот

Место: Сала 2 (  кат) на Советот на Општина Штип, ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип, Северна Македонија

⇓ ПОКАНА ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА ШТИП

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK