Почна реконструкцијата на дел од булеварот „Партизанска“ во Штип

rekonstrukcija stip
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почнаа градежните активности за реконструкција односно асфалтирање на булеварот „Партизанска“ во близина на автобуската станица во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информира дека се издвоени  2,4 милиони денари, за да се постави асфалтна маса на овој потег, каде претходно се работеше на промена на фекалната канализација.

Јорданов посочи дека ќе се реконструираат двете коловозни ленти, бидејќи  веќе се стари и дотраени.



– Ќе се врши асфалтирање и рехабилитација на коловозната лента во двата правци. Овде претходно се изврши промена на фекалната канализација во износ од еден милион денари, дополнително заради дотраеност на коловозните ленти се подготвува за асфалтирање и во наредните денови ќе се нанесе асфалтна маса во вредност од 2,4 милиони денари од Буџетот на Општина Штип. Целта ни е да го подобриме овој патен правец, кој во изминатите месеци создаваше проблеми за граѓаните, вели Јорданов.

Ако се одобри општинската обврзница, или пак се обезбедат средства од буџетот на општината, до крајот на годината треба да започне и проектот за проширување на булеварот „Партизанска“ од населба Осми Ноември до населба Баби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK