Oтворена првата самостојна изложба на Фимка Капушевска во Пехчево

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уметнички дела на пехчевката Фимка Капушевска од денес во наредните десетина дена ќе бидат изложени во Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево.







Валентина Веселинска, директорка на Домот на култура, кој е организатор на настанот, истакна дека се работи за прва самостојна изложба на Капушевска.

-Во рамки на отворањето на изложбата, посетителите можеа да ги видат прекрасните уметнички дела на нашата сограѓанка Фимка, која своето слободно време го користи во творење, цртање, слики кои пленат со длабочина на чуства, фантазија преплетена со искрени чуства, мисли, идеи, поглед кон далечината, а сепак блиски до реалноста, истакна Веселинска.

За авторката вели дека радува фактот што со сликарство Капушевска почнала да се бави по нејзиното пензионирање.

-Се работи за наследен талент на нашата сограѓанка која освен со сликање отсекогаш има желба за кроење и шиење женска гардероба, додаде Веселинска.

Од Домот на култура во Пехчево ги поканија љубителите на уметноста и во наредните денови да ја посетат изложбата и да ги погледнат делата на нивната сограѓанка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK