Општина Велес го одбележа 9 Мај Денот на победата над фашизмот

veles 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Во чест на жртвите на фашизмот, делегација на Општина Велес, советници, политички партии и претставници на институции, денеска се поклонија пред стотината загинати  борци во текот на Народноослободителната војна, а чии коски  почиваат во Спомен костурницата од НОВ  и во нивна чест положија букети свежо цвеќе.

На 9 мај1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија официјално беше ставен крај на Втората Светска Војна која однесе 50 милиони животи.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK