14 мај 2023
Општина Василево е прва општина во Југоисточниот регион но и пошироко во Република Македонија која изврши збратимување со општина од Р.Италија
Новите пријателства и воспоставени релации секогаш претставуваат нови можности за соработки и продлабочување на воспоставените комуникации. Токму ова денешно официјално збратимување со Понтенуре се темели на една таква иницијатива, од пред една година, поттикната од нашите Македонци кои живеат во Понтенуре.
Ние од општина Василево сме срдечни и гостопримливи луѓе, а одликата на секој граѓанин на Василево е домаќинлукот кој отвора врата и подава рака за нови пријателства.
И не само тоа, од денес, сите жители на Понтенуре се и наши сограѓани, нивното доаѓање во Василево од денес е – одење дома, слободно да го сметаат нашето Василево како братска куќа. Да се создадат трајни и нераскинливи соработки и релации во сите области на општественото живеење, од туризам, преку култрура, спорт, традиција.
Намерата е во интерес на граѓаните од двете општини да се развие дијалог и да се зацврсти соработката. Да се разменуваат искуства и преку реализирање на заеднички активности и проекти , делувајќи во атмосфера на доверба и дух на солидарност да се придонесе за заеднички развој.
Се надевам дека заедно ќе настапиме пред развојните европски фондови , каде што треба да бидеме инвентивни при подготовка на нашите проекти. Се надевам дека ова збратимување ќе не поврзува со векови и покрај илјадниците километри што не разделуваат сепак ќе трае и ќе се одржува низ времето.
ФБ на Славе Андонов, градоначалник на општина Васиелево
ВМРО-ДПМНЕ