Општина Центар: Хуманоста сите не сплоти, за неколку дена собрани средства за лекување на младиот Лео

Општина-Центар-Хуманоста-сите-не-сплоти-за-неколку-дена-собрани.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во рамки на детската хуманитарна програма организирана од Општина Центар, собрани се 901.768,00 денари за лекување на младиот Леонид Индов.

Општинските градинки и училишта, пред Новата година, организираа низа добротворни базари, проследени со музички точки и претстави, на кои граѓаните имаа можност да донираат за Лео.

Средствата собрани на овие предновогодишни хуманитарни приредби, што се одржаа во Рамстор, веќе се уплатени на сметката за лекување на Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.

,,Хуманоста сите не сплоти. Со помош на нашите млади уметници и настапите на Златните славејчиња, помогнавме Лео да продолжи со лекувањето. Упатувам апел до сите наши сограѓани да се приклучат кон ваквите акции и да помогнат” порачува градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар со благодарност до сите кои беа дел од големата хуманитарна акција, а пред се на децата, наставниците и родителите кои, како што истакнуваат, покажа дека со сплотеност и солидарност во срцата може да се помогне таму каде што е најпотребно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK