Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Битола, почна изработка на „Стратегија за социјални претпријатија 2023-2026“.
Стратегијата за развој на социјалните претпријатија 2023-2026“ претставува документ за создавање рамка за политики кои се однесуваат на социјалните претпријатија, а главната цел е да се поттикне создавањето и развојот на социјалните претпријатија во општина Битола преку воспоставување на поддржувачка институционална и финансиска средина.
-Предложените стратегиските приоритети и мерки ќе ја развијат и подобрат законско- институционалната рамка за финансирање на социјалните претпријатија, ќе го промовираат социјалното претприемништво и ја зголемат видливоста на социјалните претпријатија. Со новиот документ ќе дадеме поддршка на социјалните претприемачи, дефинирање на критериумите за препознавање и развој на социјалните претпријатија и претприемачи, соопштија од Општина Битола.
Средствата за изработка на „Стратегија за социјални претпријатија 2023-2026“, се обезбедени во Програмата за социјална заштита утвредена од тамошната локална самоуправа.