Општина Аеродром преку меморандум за соработка се вклучи во кампањата на ФОН „20 години, 200 компании, 2000 стипендии“

mucunski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Општина Аеродром потпишаа Меморандум за соработка, со кој општината се вклучува како партнер во кампањата на Универзитетот „20 години, 200 компании, 2000 стипендии“.







Како што информираат од ФОН, Меморандумот, кој го потпишаа генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, Сефер Цаноски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, предвидува Универзитетот и Општината да соработуваат пред сè во сферата на едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на кадри во повеќе стручни и научни области.

– Во таа насока, предвидено е Општина Аеродром работно да ангажира студенти од АУЕ – ФОН, како дел од проектот „Студирај и работи“ кој го реализира Универзитетот.

Соработката помеѓу АУЕ – ФОН и Општина Аеродром ќе се реализира преку различни форми, при што треба да се потенцира стручната и научната експертиза од страна на Универзитетот при подготовка на стратешки плански и програмски документи и законски подзаконски и други акти во надлежност на општината, велат оттаму.

Дополнуваат дека како резултат на потпишаниот Меморандум, Универзитетот ќе се вклучи и во едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на вработени во општината и нивните потесни семејства, а како резултат на продлабочената соработка, предвидено е двете страни заеднички да организираат семинари, курсеви, обуки и други форми на доусовршување.

– Меморандумот предвидува и ангажирање на експерти на општината во наставниот процес на АУЕ – ФОН за клиничка настава, но и изведување на практична обука на студентите во Општина Аеродром, која ќе им овозможи стручно усовршување и подготовка за сигурна и успешна кариера, дополнуваат оттаму.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK