ООУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ од Тетово домаќин на Пролетните регионални спортски игри за ученици со посебни способности

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ученици од Штип, Куманово, Скопје, и Гостивар денеска во Тетово учествуваа на Пролетните регионални спортски игри за ученици со посебни способности во организација на Федерацијата на училишен спорт во соработка со тетовските основни училишта „Андреја Савевски-Ќиќиш“ и „Лирија“.







Учесниците доаѓаат од шест основни училишта и три средни училишта специјализирани за работа со деца со посебни потреби од Штип и Скопје.

– ООУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ ја остварува својата воспитно образовна дејност во средина која мотивира да се стекнуваат знаења и вештини и ја почитува индивидуалноста на секој ученик. Наставата се одвива на македонски и албански наставен јазик во редовни паралелки, каде што има шест ученици кои се инклузирани и се изведува на македонски наставен јазик во посебните комбинирани паралелки. Во 2019 година прерасна во Центар за поддршка во учењето за учениците со посебни образовни потреби и за ученците од ранливи категории. Денес имаме двојна улога. Од една страна продолжуваме со својата традиција на образување на дечиња кои се со комплексни потреби и според модифицирана програма се учат овие дечиња да водат грижа за себе, се учат за лична хигиена, развој на говорот. Од друга страна даваме поддршка за целосна инклузија во образованието на другите училишта, истакна Дијана Петровска, директорката на ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ –Тетово.

Учениците се натпреваруваат во тробој, баскет, пинг-понг, полигон и мал фудбал.

-Да ги надминеме стереотипите, предрасудите и дискриминацијата. Да дадеме можност за еднакво образование на сите. Децата со посебни способности да можат максимално да ги достигнат своите можности во процесот на воспитување и образование. Да развиваме чувство за емпатија, еднаквост и припадност. Различностите да ги прифаќаме како предизвик и богатство, а не како проблем, порача градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK