Околу 1300 лица дел од акцијата „Генералка викенд” во Крива Паланка

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 1300 лица од институции, здруженија и еден спортски клуб од Крива Паланка учествуваа на денешната трета масовна акција за расчистување „Генералка викенд“.







Во акцијата директно на терен се вклучија околу 500 претставници од 25 субјекти и расчистуваа 35 мини-локации, во селекција на отпад и рециклирање се вклучија 750 млади од училиштата и предучилишната установа, а 75 ученици сликаа на тема „Нацртај како сакаш да изгледа твоето омилено место и твојот град“, за награден конкурс.

– Крива Паланка е вистински пример за тоа како треба да се одржува чиста општината и во континуитет работиме на подобра и позелена општина, а изминатиот период направивме многу: засадени се 1400 повеќегодишни декоративни, дрвца на разни локации, подигнати се 12.000 метри квадратни нови зелени површини, засадени се 1000, а ќе бидат засадени околу 3000 нови корени цвеќе на цветните декоративни форми во градот.

Набавени се нови специјализирани возила за хигиена за поефикасни, побрзи и современи усуги од ЈП „Комуналец“ и чистење јавни површини, во 2022 година 100 отсто се реализирани годишните програми за јавна чистота и уредување на јавни површини и зеленило, а неделава општината откупи локација за депонија за инертен отпад, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Од страна на комуналните инспекциски служби од државата го добивме епитетот најчиста општина во државата.

– Деновиве набавени се 200 нови канти за отпадоци, половина од нив донација од Амбасадата на Република Кина, а половина од општинскиот буџет. Во овој период очекуваме донација на 30 нови контејнери за пред селекција на отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, додава Митовски.

Што се однесува до селекција на отпад, општината има склучено договор со пет колективни постапувачи за собирање различни видови отпад: пластика, електронски отпад, хартија, стакло и останати.

– Граѓаните, училиштата, граѓанските здруженија, спортските клубови, јавните установи,јавните претпријатија и одредени приватни компании, на чело со локалната власт од Крива Паланка, уште еднаш на дело докажаа дека сакаат да живеаат,работат, спортуваат и се рекреираат во чиста и зелена средина. Јавна пофалба до: најмалите дечињата од предучилишната возраст и учениците од основните училишта кои се едуцираа за потребата од посебно собирање и селектирање на одреден вид на отпаден материјал кој се наоѓа во нивните домаќинства и кои собраа над 100 вреќи на непотребни пластични шишиња, хартија, лименки и мал електричен отпад, а во целата акција дополнително од терен беа собрани уште 350 кеси отпад, информира Бранко Велиновски, раководител на одделението за инспекциски надзор на Општина Крива Паланка.

Тој упати голема благодарност за вклучување во акцијата и на највозрасните пензионерите, потоа на професионалците како: планинарите, извидниците, спасителите, пожарникарите, спортистите, медицинарите, шумските работници, волонтерите на црвениот крст како и за јавната администрација, кошаркарите, вработените во приватните компании и вработените во јавните претпријатија и на сите други учесници, а посебна благодарност за логистичката подршка на ЈП Комуналец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK