Обнова на улици во Кавадарци во рамки на Проектот за поврзување локални патишта

op Kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши реконструкцијата на улицата „Максим Горки”, која е во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта’’, информираа денеска од Општина Кавадарци.  Активностите опфатија гребење на улицата и асфалтирање кое заврши неодамна. Улицата е со должина од 250 метри и површина од 1.530 квадратни метри.

На општината и се доделени средства од Владата преку заем од Светска банка, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура.


– Во овој проект се и улиците „Слога”, ,„Димката Ангелов Габерот’’ и „Вељко Влаховиќ’’ во трета фаза, соопштија од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.

Изведувачи на проектот се ,,ОСД” Скопје и ,,Градба промет”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK