Намален водостојот на Дојранското Езеро

dojran_354354353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за мај и тоа за 1,89 метри. Нивоата, пак, на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните. Водостојот на Охридското Езеро е за 24 сантиметри понизок по повеќегодишниот просек за овој период од годината, а на Преспанското Езеро е понизок за два метра.


Нивоата на реките најчесто се повисоки од просечните, но кај повеќето реки бележат благо намалување во споредба со вчера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK