На улицата „Панче Пешев“ во Гевгелија, во тек се градежните активности за поставување атмосферска канализација со цевковод Ф500. Претходно, на оваа делница беше изведена и нова водоводна линија, со што се заокружува дел од подземната инфраструктура. Проектните активности се дел од пошироката интервенција во Урбан блок 4.4 во Гевгелија, со кој се предвидува изградба на целосно нова подземна комунална мрежа, со цел подобрување на инфраструктурните услови и обезбедување поквалитетни услуги за жителите.
Увид во текот на работите изврши градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Во својата објава за овој инфраструктурен зафат, истакна:
– Со посветено работење обезбедуваме долгорочни инфраструктурни решенија за жителите, а со тоа и подобри услови за живот. Продолжуваме со континуирано унапредување на комуналната инфраструктура, создавајќи поуредена Гевгелија за сите.