Општина Гевгелија ги информира граѓаните дека на 17 април 2026 година (петок) ќе се реализира второто ларвицидно прскање против комарци, како дел од тековните активности за заштита на јавното здравје. Со овој третман ќе бидат опфатени сите ризични подрачја- стојни води и други потенцијални жаришта на подрачјето на општината, каде постојат услови за развој на ларви од комарци. За третирање на тешко достапните површини ќе се користи дрон.
Доколку временските услови не дозволуваат спроведување на третманот во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено, за што граѓаните ќе бидат дополнително и навремено информирани.
Целта на оваа мерка е навремено уништување на ларвите и спречување на нивниот понатамошен развој во возрасни комарци. Општина Гевгелија ќе продолжи со спроведување на предвидените активности и во наредниот период, согласно утврдениот план и временските услови, а за сите следни третмани граѓаните ќе бидат навремено информирани.
Имено, првото ларвицидно прскање беше реализирано на 5 април 2026 година, при што беа третирани повеќе локации со стојни води и потенцијални жаришта на подрачјето на општината. За време на спроведувањето на првиот ларвициден третман, контрола на активностите извршија општинските инспектори за животна средина и комунални работи.