Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска првпат се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта. Учество земаа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи.
„Ова е еден од начините организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвен крст-Карпош преку натпревар да ги едуцира учениците со придобивките од познавање на првата помош.
Натпреварите се организираат на општинско, градско, регионално и државно ниво и имаат за цел да ја зголемат јавната свест за улогата и значењето на првата помош како живото-спасувачка вештина. Целта е пред се најмладите да се стекнат со основни познавања и вештини за правилно и навремено укажување прва помош“, велат од општината.
Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе поддржи настани со цел едукација на нашите млади жители во насока на хуманоста и солидарноста, додаваат од општината.